петок, 18 октомври 2024

Јапонците блескаа против Хрватска, но беа комплетно немоќни против Германија

Германија со 37-26 ја победи Јапонија во првиот ракометен меч на денешната програма од Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија беше блиску до сензација против Хрватска, тогаш потклекна во последните секунди, но денеска не беше ниту налик на изданието од тој меч.

Германија победата ја обезбеди уште во првото полувреме во кое имаа неверојатна предност од 21-10. Во вториот дел беше нерешено 16-16, но тоа се должеше на одлуката на германскиот селектор да ги одмори најдобрите.

Ушчинс со седум гола кои ги постигна во првото полувреме беше најефикасен на мечот, Конор реализираше шест. Кај Јапонците, најдобар беше Фујикаса со шест гола, поранешниот вардарец Јасухира постигна три.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ