сабота, 27 јули 2024

Јанша: Ембаргото на нафта не е доволно, најтврдиот орев ќе биде гасот

Објавено на

часот

Сподели

„Нафтата е помалиот дел од проблемот кога станува збор за санкциите против Русија кои се однесуваат на енергетиката, а најтврдиот орев ќе биде ембаргото на рускиот гас“, им кажа Јанша на новинарите кои го следат самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел и им порача дека им посакува среќа на оние кои остануваат да ја решат „квадратурата на кругот“.

Додаде дека зголемените цени на енергенсите се уште поважна тема од тоа колку руска нафта ќе купи Европа.

„Ако Русија продаде и половина количество нафта во однос на досегашните испораки по растечките цени на енергенсите на пазарот кој го дестабилизира со агресијата на Украина и понатаму ќе може да ја финансира својата војна“, оцени Јанша.

Додаде дека се надева дека на самитот ќе бидат понудени конкретни решенија како да се влијае на цените на енергенсите, бидејќи тоа покрај состојбата во Украина е главниот проблем.

„Сега треба да се усогласат приоритетите и ако ЕУ најде вистински пристап тогаш цената на енергенсите ќе се стабилизира“, кажа тој.

Што се однесува до состојбата во Украина, наведе дека тоа е клучното прашање, бидејќи руската војска напредува во Донбас.

„Ако ЕУ и Западот не сакаат за еден месец да разговараат за нови милиони бегалци од Украина сега треба да се фокусираат на воената помош на Украина“, порача Јанша.

Додаде дека успесите на фронтот ќе ги засилат апетитите на агресорот, ќе доведат до политички тензии во Украина, губење на веродостојноста на ЕУ и Западот, и дека сето тоа дополнително ќе влијае на цените на енергијата и безбедноста на енергенсите и храната.

Како што оцени, сега треба да се фокусираат на воената и друга помош на Украина, бидејќи од тоа ќе зависи дали Европејците ќе живеат во мир и благосостојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ