Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, истакна Јаневски.
|
|
Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година. |