петок, 25 октомври 2024

Јаневски се сретна со хрватски либерали, разговарале за поддршка на македонскиот туризам

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти АТТП, на состанокот, на кој биле присутни и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија, европратеникот Флего имал можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
 
Флего, како што се додава во соопштението, своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го споделил искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам.

„Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети. Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Северна Македонија која посредува во делот на оперативните програми и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Северна Македонија и Република Хрватска“, пишува во соопштението на АТТП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ