сабота, 27 јули 2024
Лидерот на Црвена младина за МКД.мк за пријавата во полиција

Јаневски: Градоначалникот на Чаир нема да ме уплаши со тужби и не треба да му пречи името Парк АСНОМ

Објавено на

часот

Сподели

На прашање од МКД.мк упатено до МВР за настанот во паркот, добивме одговор дека според записникот, станува збор за сторена штета за каква може евентуално да се поднесе приватна тужба.

„На 14 јули во Полициска станица Бит Пазар од страна на вработен во Општина Чаир доставен е записник за причинета материјална штета во вредност од 60.000 денари. Согласно висината на пријавената штета и описот на кривично дело се работи за дело по член 243 – оштетување на туѓи предмети од Кривичниот законик кое се гони по приватна тужба“, одговорија од МВР и додадоа дообјаснување:

Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите и по расчистувањето на пријавениот настан, на пријавителот, односно Општината Чаир, ќе им бидат достапни сите потребни информации за поднесување тужба пред надлежен суд.

На нашето прашање што се случи со бистите на борците од НОБ кои ги имаше порано во паркот, од МВР ни одговорија: „Ве известуваме дека до сега во полициската станица во  Бит Пазар не е пријавено одземање или оштетување на бисти од народни херои.

Дали ќе поднесе тужба, од градоначалникот Ганиу засега МКД.мк нема добиено одговор.

Марио Јанески, претседател на Црвена младина, кој на двапати своите акции во паркот ги објави преку видео запис, за МКД.мк вели дека известување за тужба нема добиено.

Тужба до денес немам добиено, но самото тоа што градоначалникот јавно повикува на санкции е доволен притисок кој подоцна се манифестираше и со суптилни закани лично кон мене од претседателот на Совет во Општина Чаир, исто така јавно“, ни изјави Јанески.

д

Тој всушност потсети и на пораката што му ја упатил претседателот на Советот на Општината Јетмир Асани преку објава на својот Фејсбук каде тогаш напиша: „Сакам да ти кажам дека друг пат кога ќе доагаш во Општина Чаир, јави ми се да те чекам како што треба да се почека еден гостин од друг град, пошто не сакам да ти се случи нешто, пошто знаеш: Чаир.

„Но и ваквите закани нема да нè заплашат. И покрај заканите, ние повторно бевме во Чаир овој пат во пресрет на преименувавњето на ул.Втора македонска ударна бригада во ул.Адем Демачи, каде што ги поставивме имињата на сите загинати партизани од таа бригада, да стојат и да им бодат очи на оние кои донеле ваква одлука“, вели младинецот Јанески.

Тој додаде дека акцијата во паркот беше само еден облик на искажување револт и гнев кон свесното бришење на анти – фашистичката симболика која се случува периодот и дека таму, заради пример, имаше и биста на Вељко Влаховиќ која сега ја нема, а дека паркот беше познат и како парк на партизаните.

Лидерот на Црвена младина во контекст на барањето на Општината за санкции кон него го поставува и прашањето кому и зошто би му пречел парк со име АСНОМ и би барал МВР да санкционира, а не му пречи и не бара санкционирање за мафтањето на знаме со голема Албанија.

д

Истовремено имате глорификација на фашизмот, неоврховизмот и необализмот со отварањето на културните клубови, преименувањето на улици, училишта, паркови со имиња на сепаратисти, фашисти, балисти, изјави во разговор за МКД.мк лидерот на Црвена младина, Марио Јанески.

Инаку, акцијата на поставување на имињата на загинатите партизани од славната Втора македонска ударна бригада беше изведена пред доаѓањето на косовскиот премиер Аљбин Курти во Скопје.

д

За Курти беше организиран масовен и свечен пречек, без македонски државни обележја, со присуство на опозициските лидери Биљал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити, како и официјални лица од Општината која беше организаторот на настанот. Улицата Втора македонска бригада стана Адем Демачи.

Потоа со слична иконографија на главниот плоштад во Тетово, со веење само на албански знамиња и симболи, па дури и со плакати на кои беше мапата на голема Албанија, продолжи славењето на Курти кого го однесоа и во Вејце, а самиот косовски премиер упати порака до македонските државни власти, за кои не пројави интерес за официјални средби, да се дистанцираат од Србија, а да се концентрираат на Косово и на Бугарија.

Во март 2021 година Советот на Град Скопје донесе одлука за преименување на 493 имиња на улици, мостови и плоштади, од кои 485 се улици, градската одлука беше одобрена од Владата. На овој список Општина Чаир доби можност според своите предлози, да промени имиња на 66 улици и тоа во изминатите месеци и го прави. Па така ул.191 стана улица Сул Хотла, балист кој својот живот го посветил на создавање голема Албанија и кој се борел против партизаните соработувајќи со фашистичка Бугарија. Ул.Лазар Танев беше преименувана во Ушкин Хоти, кој се борел за отцепување на Косово од Југославија, а подоцна и со идеал за голема Албанија, додека Лазар Танев бил стар скопјанец, социјалист, борец за работнички права, учесник во НОБ и првиот скопски градоначлник по ослободувањето. И името на интернационалниот револуционер Благоја Паровиќ беше избришано и улицата доби име на Исмаил Ќемали, според првиот премиер на Албанија, од 1912 година. И првиот претседател на Косово Ибрахим Ругова доби улица, а тогаш „огнената група“ на ДУИ и опозиционери од албанскиот блок имаа чест на настанот да им дојде претседателката на Косово, Вјоса Османи.

д

За настаните од петокот поврзани со доаѓањето на Курти и преименувањето на ул. Втора македонска ударна бригада во ул.Адем Демачи државата немаше реакција во најава, а потоа, преку изјави и соопштенијата беше наведено дека се осудуваат големоалбанските пароли и негирањето на државните симболи. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски побара да се утврди дали при гласањето за промена на имињата на улици имало Бадентерово мнозинство.

Сепак, славната македонска бригада во мешан етнички состав понесе огромен товар во борбата за ослободување на Македонија од фашистите и огромен товар за ослободувањето на Југославија, давајќи речиси 300 животи на партизани од 480 борци колку што броела бригадата. Многу товар за бришење како со гумичка на нејзиното име.

                                                                                              П. Џамбазоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ