Јаневска рече дека ако не се најде поинакво решение МОН ќе мора да оди на суд.
„Точно е дека стигнаа фактури за наплата на огромни средства за кои Град Скопје тврди дека треба да ги исплатиме. Ние спогодба ниту со ЈСП ниту со Град Скопје немаме и јас како министер немам основа врз која би ги исплатила тие средства. Доколку не се најде поинакво решение ние како министерство ќе мора да одиме на суд, а тоа така и ќе биде. Ниту јас ниту оваа Влада беше таа која ветуваше бесплатен превоз за сите. И ние за бесплатниот превоз за сите не можеме да одговараме“, изјави Јаневска.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера изјави побарала од Владата да го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите, којшто од 2021 година наваму не се исплаќа.
„Одговорот што го добивме беше дека парите би се исплатиле по ребалансот на Буџетот со повлекување на средствата за изградба на нов булевар во Визбегово, што го сметаме за уцена на штета на граѓаните, а не за партнерски однос и нудење на решенија“, рече Арсовска.