понеделник, 28 октомври 2024
Министерката дообјаснува

Јаневска: Има пари за студентски оброк, а за бесплатен превоз во Скопје останува да се види

Фактурите се пристигнати, но нема правна основа по која Министерството за образование и наука би ги платило фактурите кон ЈСП Скопје за бесплатниот студентски превоз, изјави министерката Весна Јаневска. Таа денеска изјави дека се размислува за зголемување на износот за студентски оброк.

Објавено на

часот

Сподели

„Студентите не треба да имаат дилема дека министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и за учење и факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со пренасочување дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легла за да можат нормално да живеат во градовите каде што ќе студираат“, рече Јаневска.

На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од 8 милиони евра, Јаневска одговори:

„Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема владина одлука. И да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. Како ќе одлучи судот така ќе постапуваме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ