сабота, 19 октомври 2024

Јане Николоски е нов тренер на Победа

Поранешниот македонски голман, Јане Николоски е именуван за нов тренер на Победа, тој доаѓа на местото на Филип Мирчески кој си поднесе оставка.
 

Објавено на

часот

Сподели

Победа лошо ја почна сезоната во Втората лига, во моментов се наоѓаат на 11. место на табелата, Јане Николоски е назначен за да ги промени работите.

Прв предизвик ќе му биде третопласираниот тим на Детонит.

Николоски зад себе има богата фудбалска кариера како голман. Тој бранеше за Слога Југомагнат, Славија Софија, Напредок, Славен Белупо, АПОЕЛ, Пафос, Арис Лимасол и други, а го носеше и дресот на македонската репрезентација.

Екс-голманот пред да се врати во Победа работеше и како спортски директор на Шкупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ