сабота, 19 октомври 2024

Јанчев: Кавадарци доби голема донација за развој на зимските спортови

„Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови! Општина Кавадарци денеска доби голема донација која означува почеток на развој на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации. Со одлука на Совет на Општина Кавадарци, нашиот убав град прими донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000,00 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО“, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа донација е во материјални добра и услуги:
-ски лифт во должина од 370м со капацитет од 600 лица на 1 час
-скијачки појас со капацитет од 800 лица
-четири сезонски вртелешки
-мобилна пумпа
-црево со висок притисок 5броја x 20 метри мах 20 бар.
-филтри 4 броја
-хидрант 4 броја
-снежни топови 2 броја
-заштитна мрежа 20 броја
Градоначалникот Митко Јанчев вети во предизборната програма, а од денес овој проект станува реалност. Во претстојниот период започнува изградбата на овој скијачки центар, а веќе во месец декември истиот ќе биде во функција. Кавадарци за сите“, се вели во објавата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ