Мечот меѓу Тиквеш и Гостивар заврши нерешено 2-2. Гостите вториот гол го постигнаа од непостоечки пенал по кој имаше и прекин на мечот. Градоначалникот Јанчев влезе во теренот да дели правда.
Во вториот дел Тиквеш доби и два црвени картони, но на крајот во 91. минута успеа да постигне гол за израмнување на 2-2.
„После целиот “циркус” на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2. Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии“, рече Јанчев по мечот.