Утре градоначалникот Митко Јанчев и членовите на Советот на Општина Кавадарци ќе бидат во Моклиште, пред споменикот на 12-те ваташки младинци каде ќе се одржи чествување по повод 80 години од нивното стрелање.
Покрај положувањето цвеќе на споменикот, ќе бидат откриени 12-те бисти на младинците и ќе се отвори Спомен собата. Најавена е и пригодна културна програма за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.
Во Моклиште најавено е и присуството на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО–ДПМНЕ, како и на Бисера Костадиновска–Стојчевска, актуелната министерка за култура.
На 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор беа убиени 12 младинци.