Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната. Звукот на Home alone е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.
Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа „збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.
Видео спотот за Home Alone беше промовиран во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – Аудиокултура.
Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Гулф, како и Смарт ливинг (Smart Living- и Каре Македонија кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото.
Бурческа вели дека конечно се чувствува подготвено да ѝ се врати на музиката, а до следниот проект останува посветена на поддршката и промоцијата на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската телевизија.