петок, 14 март 2025

Јаловина од „Булмак“ истече во Крива Река

Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена од излезот на Тораница долж целиот тек.

Објавено на

часот

Сподели

Општинскиот инспектор за животна средина Зоран Павловски информира дека по увид на местото утврдено е дека хаваријата се случила на цевка со профил Ф-250 милиметри на излезот на флотација до таложниците.

„На самата локација веќе нема истекување на јаловина, екипа од рудникот работи со механизација на санација на цевката, но при пукањето на цевката истечена е неодредена количина концентрат – јаловина по асфалтен пат со нагиб кон Крива Река. Загадена е целата река, од рудникот долж течението, што секако ќе има последици. Се очекува да биде завршена поправката и уште еднаш ќе нагласам, при увидот констатирано е дека нема веќе истекување јаловина“, рече Павловски.

Согласно Законот за животна средина, известен е и Државен инспекторат за животна средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ