четврток, 30 мај 2024

Јакимовски: Треба да го направиме автопатот од Свети Стефан до Свети Наум

Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, денеска оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори.

Објавено на

часот

Сподели

Дополнително Јакимовски нагласи дека охридско-струшкиот регион, како главна туристичка дестинација во земјата, мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали што ги имаат и регионот, но и целата држава.

„Треба да го направиме автопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичица, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава“, рече Јакомовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ