петок, 26 јули 2024
Коалиција Храбро за Македонија

Јакимовски: Срамота! ДИК ни украде над 600 гласови, некој треба да оди во затвор, Даштевски ќе добие кривична пријава

„Голем срам за ДИК. Само од три избирачки места ни се скратени повеќе од 600 гласови и им се префрлени на други политички партии. Ова кажува колку голема беше кражбата на овие избори, но и дека овој начин на крадење гласови од помалите партии кои немаат набљудувачи на гласачките места е правен и во претходните изборни циклуси и се додавани пратеници на други партии. За оваа нечесна работа ќе поднесеме тужба до Управниот суд и кривична пријава против претседателот на ДИК Александар Даштевски кој дозволил на ваков начин да се крадат гласови со цел други партии да добијат повеќе пратеници“, изјави претседателот на ГРОМ и лидер на коалицијата, Стевчо Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

Според Храбро за Македонија, станува збор за упад во изборните резултати, а ваквите дела се кривични и не застаруваат. Украдените гласови, соопшти коалицијата, се во изборните единици 1, 2 и 5 и проценката е дека тие им се префрлени на коалициите Вреди и Европски фронт.

„Во овој изборен инженеринг е вклучена и ДИК. Нашите информации говорат дека е правен и за време на претседателските и за време на парламентарните избори, но и во претходните изборни циклуси. Целта е од помалите партии кои немаат набљудувачи на избирачките места, да се одземат одреден број гласови кои потоа ќе се префрлат кај поголемите за да добијат пратеник повеќе. Ова мора да заврши со правна одговорност“, нагласи Јакимовски.

Тој дополни дека приговори до ДИК не поднеле.

„Каде да поднесеме приговори кога ова е направено во самата ДИК? Приговори се поднесуваат за тоа што се случувало на гласачкото место. Од каде ќе претпоставите дека ќе ве украдат од ДИК? Некој за ова мора да заврши во затвор“, нагласи Јакимовски.

За само едно место во Општина Чаир, ДИК објавила дека Добрила Андоновска, носител на листа на „Храбро за Македонија“ во ИЕ 1, добила 28 гласа, а според Записникот за неа се определиле 217 граѓани.

„Во Записникот имаме 248 гласа, а во финалните резултати на ДИК 21, што значи дека е употребен делител 12. Во случајот на Добрила е употребен делител 7, како и кај Самка Ибраимовски во ИЕ 5. Веднаш по полноќ, во 1.50 часот, резулататот од ДИК 182, а истиот ден по 16 часа имаме 22. Значи, направен е класичен изборен инженеринг. Станува збор за упад во изборни резултати, а делата против избори се кривични кои не застаруваат. Група адвокати работи на проценка на серија кривични дела. Кривичната пријава ќе биде против претседателот на ДИК, но не е исклучено да биде и против целата ДИК. Станува збор за упад во софтверот“, рече претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.

На новинарско прашање каде сметаат дека се отидени нивните гласови, тој ја спомна коалицијата „Вреди“, но додаде дека гласови им се намалени и на други партии и потоа тие гласови, како што објасни, им се префрлени на други партии.

„Во нашиот случај цениме дека се кај коалицијата Вреди и Европски форнт. Во нормални демократски избори еден глас ако се разликува, се поништуваат изборите“, изјави Ристовски.

Претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски рече дека, според ДИК, во Струга имал 177 гласови.

„По два – три часа не знам каде отидоа тие гласови, кој ги украде. Нека ги остават еднаш Ромите сами да одлучат за кого ќе гласаат. Имаше невиден поткуп, имам и видео докази за повици на граѓани да земаат пари. Ќе ја штитат корупцијата, а самите се коруптивни. Замислете, чисто етнички македонски град купен по 200 евра од човек. Имам докази, но ќе им го оставиме тоа на адвокатите. Уште еднаш замолувам, оставете ги Ромите да одлучуваат сами“, истакна Ибраимовски, според кого, цената се движела од 1.500 денари до 100 или 200 евра.

Тој е убеден дека на Храбро за Македонија во ИЕ 5 и се украдени најмалку 4 000 – 5 000 гласови.

„Храбро за Македонија“ го повика и Обвинителството да се вклучи во овој процес за да се расчисти случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ