петок, 26 јули 2024

Јакимовски со „Храбро за Македонија“ ќе го менува црно-белиот свет на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски својата претседателска кампања ја започна од Тетово каде оствари средба со граѓаните, информираат од Центарот за комуникаци на партијата ГРОМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Им благодарам на тетовчани за срдечниот пречек и навистина ми е чест што претседателската трка ја започнувам во Тетово. Огромната поддршка е доказ дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тетовчани бараат промени“, рекол Јакимовски.

Со тетовчани кандидатот за претседател Јакимовски разговарал за проблемите и решенијата кои ги нуди коалицијата „Храбро за Македонија“.

„Имав шанса да поразговарам за проблемите со кои се соочуваат храбрите тетовчани, нашата коалиција ‘Храбро за Македонија’ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени. Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник, истакнал Јакимовски.

Тој од Тетово порачал дека нема повлекување сѐ додека не се промени црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска тргнуваме ‘Храбро за Македонија’, нема назад и нема повлекување сѐ додека не го промениме црно-белиот свет во Македонија“, потенцирал претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски.

Јакимовски посочил дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешто од јавноста па затоа не сакаат дебати на кои сето тоа може да се открие.

„Мислат дека со тоа што земале по 975 илјади евра со тоа добиле некоја предност, јас ќе им кажам дека парите се најмалку битни. Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија а кој се обидува да ги излаже“ порачал Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ