сабота, 27 јули 2024

Јакимовски поднесе кривична пријава зашто го ставија на „црната листа“ на САД

Градоначалникот на Општина Карпош кој е лидер на ГРОМ и претседателски кандидат на партијата Стевчо Јакимовски денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против непознат сторител во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави дека бара да се спроведе истрага и дека е подготвен да одговара пред кој било истражен орган вклучувајќи ги и тие на Соединетите Американски Држави (САД) и посочи дека има граѓани во земјава без да ги посочи нивните имиња, за кои смета дека се одговорни, како што вели, за целата подготовка околу оваа операција за нивно директно вмешување во изборната трка за претседател на државата.

„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и најцисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против непознат сторител сторител до ОЈО ГОКК и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, рече Јакимовски.

Тој е убеден, како што вели, дека сето ова не произлегува ниту од истражните органи ниту од претставници на Американската амбасада и официјалната американска политика.

„Ова е од македонски кодоши кои што се впуштени во овие нечесни игри и кои цело време суфлираат кој е тој што треба да се најде на црна листа без при тоа да има какви било истраги и докази, туку по наратив кој што тие ќе го создадат во јавноста дека овој или оној е криминалец“, вели Јакимовски.

На прашањето дека против него веќе постои обвинение и судење кое поради измените на Кривичниот законик се враќа на повторно судење, Јакимовски вели има обвинение, но има и сведок, кој, како што вели, е подготвен да сведочи за подготовката за неговото апсење, за договорите кои биле вршени на највисоко ниво во државата.

Обвини дека ова е чиста политика и обид да им се помогне на оние кои во оваа изборна трка, вели, наместо да излезат и да кажат не сакаме нефер игра туку чесен политички натпревр, сите молчат вклучувајќи го и актуелниот претседател.

Прашан да посочи кој е непознатиот сторител против кого поднесува кривична пријава, Јакимовски не сакаше да открие детали, бидејќи, како што вели имало неколку различни групи.

„Не можам да обвинам ниедна политичка партија. Има луѓе кои што се продолжена рака на странски разузнавачки служби и сето тоа подолго време го прават ова, го организираат и создаваат предуслови ако можат да нанесат каква било штета. Не само мене туку и на други граѓани од Република Македонија, вклучувајќи стопанственици, политичари“, рече Јакимовски.

Според него, интерес ова да го прават го имаат политичките противници и „оние на кои не им одговарало земјава да има политичари кои размислуваат со своја глава, туку кои безпоговорно ќе ги прифаќаат сите нивни одлуки, нема за ништо да се приоговара, постојано ќе се повторува дека треба да останеме на европскиот пат, колку и тоа да е штетено за македонските граѓани“.

Јакимовски заедно со поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, се најдоа на дополнетата „црна листа“ што во понеделникот ја објави Стејт департментот на САД за, како што се наведува, вмешаност во коруптивни дејствија.

„Како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници“, соопшти Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ