понеделник, 20 мај 2024
Избори 2024

Јакимовски од ГРОМ призна пораз и рече дека ВМРО-ДПМНЕ е близу до апсолутна власт

Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната самоуправа и во делот на претседателот, тоа значи апсолутна власт, а очигледно дека ќе има можност и за двотретинско мнозинство. Очекувам дека ќе има тешки одлуки, но моето политичко искуство покажува дека апсолутната власт не е на арно бидејќи таа апсолутна власт носи девијации и како резултат на тоа доаѓаме до ретроградни процеси на кои не сакаме да бидеме сведоци“, рече Јакимовски на прес-конференција.

Како што посочи, денеска граѓаните се определиле за враќање на уставното име, за поништување на договорот со Бугарија и за реваншизам затоа што, според Јакимовски, целата оваа кампања се водела во насока дека треба на некому да му се реваншираме.

Според Јакимовски, денешниот изборен ден бил срам за државата бидејќи ниту една државна институција не го видела поткупот на гласачи и т.н. бугарски воз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ