сабота, 27 јули 2024

Јакимовски од Гостивар: Претседателските кандидати бегаат од дебати, тоа е срам за демократијата

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски, кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Јакимовски, зборуваше со гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.

„Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoто однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави“, рече Стевчо Јакимовски претседателски кандидат од ГРОМ.

Тој посочи дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Зборувајќи за промената на Уставот, тој  упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

„Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата“, рече Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ