сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Јакимовски: Немам страв, нема да молчам пред никого, a ги читам сите како на рентген

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на митингот во Карпош повика на масовна излезност во среда кога се гласа на првиот круг од претседателските избори и да се даде гласот „за разумот на политичката сцена“, односно за кандидатот на коалицијата, Стевчо Јакимовски. Самиот Јакимовски порача дека нема пред никого да молчи и дека е подготвен и главата да ја даде за достоинството на Македонија. На митингот говореа и каолициските партнери.

Објавено на

часот

Сподели

„Извонреден кандидат за претседател е Стевчо Јакимовски кој е еден најхрабриот политичар кој што сме го имале во изминативе 32 години, човек кој умее да изнесе, јасен, експлицитен и прецизен став на јавна сцена без да калкулира за себе и за ништо што е надвор од она што е визија за Македонија и за македонскиот народ. Ако најдеме човек со вредност, со храброст и љубов за својот народ македонски, чувајте го како бисер во дланката“, рече претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски, на митингот во Карпош.

„Храбоста е одлика која што владее. Храбрите Илинденци пред стотина години излегоа од својата зона на комфор, земаа оружје во рака и оставија неизбришлива трага во историјата на македонскиот народ. Исто така и во Втората светска војна се појавија бројни храбри Македонци кои земаа оружје и застанаа на вистинската страна. Тие храбри горди Македонци се изборија за државотворност на македонскиот народ и за своја сопствена држава. Денес ние сме генерацијата која што мора да ја сочува таа државотворност на македонскиот народ, затоа во среда и на 8 мај изберете храброст“, посочи Ристовски.

Лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски исто така повика да се гласа за најхрабриот политичар Стевчо Јакимовски и нагласи дека тој е политичарот на вистинската страна, на страната на Македонија и нејзините граѓани.

„Гледам на телевизија, се кандидарал Таравари за претседател, но не видов македонско знаме, како може да бидеш ти кандидат за претседател?“, праша Ибраимоски.

Тој се осврна и на формирањето на ромската партија Аваја, за која рече дека тие лица била невладина организација, како што истакна, финансирана од Сорос.

„Но, јас, Самка, како што беше Тито за југословенските народи, јас сум Тито за Ромите“, рече Ибраимовски и повика да се гласа и за претседателскиот кандидат Јакимовски и на парламентарните избори за коалицијата Храбро за Македонија.

Во своето обраќање претседателскиот кандидат и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на граѓаните им порача дека нема да молчи пред никого, нема да молчи ниту како носител на најпрестижната функција во земјата и дека е подготвена, ако треба и главата да ја  даде за достоинството на Република Македонија.

„Потписи за кандидатурата веднаш собравме. Проблем ли е тоа за нас. А, видовте ли како ме потценија? Па ви личам ли јас дека на скапана штица газам?“, рече Јакомовски.

Тој се осврна и на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на таа партија.

„Измеќарите излезе да каже дека јас сум бил измеќар затоа што сум бил опозиција на опозиција. Кажав дека имаат друг за кого ништо не кажуваа па се потврди дека се во коалиција.  Испратија некакви лица за да бидам ставен на црна листа. Граѓани, јас нив како на рентен ги читам!“, рече Јакомовски.

Тој нагласи дека дел од противкандидатите имаат страв од соочување.

„Ѓоспоѓата Доналд Реган и господинот 5 години што е на функцијата претседател се уплашија и не смееја да дојдат на дебати. Е, утре ќе дојдат какао попчиња, па да ги видиме“, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ