сабота, 20 април 2024
Реакција

Јакимовски: Некои кандидати имаат страв од мене па бараат мое изземање од мастер – дебата

Во врска со информација од страна на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека нечиј штаб поставувал услови и одбивал да учествува на дебати на кои ке учествуваат претседателските кандидати Билјана Ванковска „заради нејзиниот наратив“ и Стевчо Јакимовски “заради ставањето на црна листа“, реагира претседателскиот кандидат Јакимовски, заедно со ГРОМ и коалицијата Храбро за Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Како кандидат за претседател, како политичар, но пред се како човек,
подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е
важно за македонските граѓани и македонската држава. Тоа што некој
кандидат и нечиј штаб имале проблем да се соочат со мене на мастер
дебатата, само говори за нивниот страв да се соочат со своето незнање и
страв од соочување со вистината, која за некого може да биде многу тешка
и болна“, вели Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ