четврток, 30 мај 2024
Претседателски избори 2024

Јакимовски: Најважно е што на светот му покажавме дека имаме мирни избори

Честитки за денешниот изборен ден до сите граѓани, покажавме дека можеме да направиме мирни и демократски избори. Немам забелешки на однесувањето на моите противкандидати, ниту на нивниот речник, рече на прес-конференција претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во 19 часот.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Тој изнесе една забелешка, за финансиската моќ на одделни противкандидати. Исто така и за неможоста на дел од дијаспората да гласа.

Јакимовски нагласи дека е најбитно што изборите беа мирни и што светот можеше да види дека луѓето во Македонија се мирни и имаат демократски однос.

„Доколку имаше поголема излезност ќе можевме да речеме дека народот одлучил кој ќе биде претседател денеска“, нагласи Јакимовски притоа не даде информации за тоа како помина гласањето за него според изборниот штаб на коалицијата Храбро за Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ