Тој изнесе една забелешка, за финансиската моќ на одделни противкандидати. Исто така и за неможоста на дел од дијаспората да гласа.
Јакимовски нагласи дека е најбитно што изборите беа мирни и што светот можеше да види дека луѓето во Македонија се мирни и имаат демократски однос.
„Доколку имаше поголема излезност ќе можевме да речеме дека народот одлучил кој ќе биде претседател денеска“, нагласи Јакимовски притоа не даде информации за тоа како помина гласањето за него според изборниот штаб на коалицијата Храбро за Македонија.