понеделник, 20 мај 2024

Јакимовски: Најголема штета за Македонија е ако не се гласа

Кандидатот за претседател на ГРОМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски денеска гласаше во Општина Карпош. Тој ги повика граѓаните да гласаат „за“, а не „против“ некој од кандидатите.

Објавено на

часот

Сподели

„Многу сум среќен дека денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им е на АСНОМ-ците кои ги удрија темелите на современата македонска држава  и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ. Точно е дека оваа држава не е совршена, но сите сме одговорни за тоа каква држава имаме и ние што бираме и тие што се бирани на функциите“, изјави Јакимовски по гласањето.

Тој апелираше до граѓаните масовно да излезат да гласаат.

„Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излезе да се гласа и втората замолница е да се излезе да се гласа ‘за’, а не ‘против’. Секогаш кога гласаме против некого секогаш правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата. Затоа граѓаните нека го дадат гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија“, изјави Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ