четврток, 30 мај 2024
Избори 2024

Јакимовски: Мицкоски ја обелодени коалицијата со Левица и ЗНАМ

„За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави дека повеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот Максим Димитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција и ова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врска со промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот на Република Македонија“, изјави претседателскиот кандидат на коалицијата на ГРОМ – Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

Според Јакимовски, Мицкоски и двете партии веројатно се имаат и договорено за промена на Уставот и за избор на претседател во Собранието, онака, како што рече, како што бараат партиите на Албанците во Македонија.

„Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ и
остануваат продолжена рака на оваа коалиција и на оваа голема политичка партија. Станува јасно дека ГРОМ и коалицијата Храбро за Македонија останува единствена трета опција, единствена независна сила што се бори против овие два големи политички блока коишто не им донесоа среќа на граѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот да кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“, рече Јакимовски.

Претседателскиот кандидат смета дека станува очигледно дека се создава нова група која наспроти волјата на граѓаните ќе каже ДА за уставни промени со усогласување на нивните чудни ставови.

„Но навистина е крајно нечесно да се трудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиот народ, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители, цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тие што ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетната
власт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групирате да го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиот народ“, наглси Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ