сабота, 27 јули 2024

Јакимовски: Македонија мора да ги отвори фабриките што произведуваа оружје

Mакедонската економија под итно треба да размислува за развој на наменската индустрија. На Машинскиот факултет во Скопје мора да се отвори катедра за вооружување. Треба да се рестартираат сите фабрики кои произведуваа оружје, муниција и опрема, порача денеска претседателскиот кандидат на Гром и коалицијата, Стевче Јакимовски говорејќи во контекст на идната обнова на Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„Војната во Украина некогаш ќе мора да заврши и таа земја ќе мора да се обнови. Македонската економија, особено градежниот сектор мора да се подготви за обновата на Украина“, порача Јакимовски.

Toj во интервју за Телма рече дека на државата и се потребни коренити промени во клучните сегменти за државата конечно да биде средена.

„Мора да го реформираме образованието, да имаме образование кое ќе дава знаење а не петки, второ реформи во здравство затоа што како сме тргнале за 5 до 7 години од денес надрилекари ќе не лечат, тоа е фундаментот на едно општество. Потоа реформа во гломазната неефикасна администрација. Тоа еден претседател на државата не смее да го премолчи“, смета Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ