сабота, 19 октомври 2024

Јакимовски ќе поднесе кривична пријава против МВР, тврди дека тениските терени кај Александар Палас се легални

Поднесена е кривична пријава затоа што сме извршиле легализација на тенискиtebтерени кои што се составен дел на хотелот Александар Палас, а за кои што има и одобрение за градба, за рече денеска на прес конфереција градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Тениските терени се сопственост на спортскиот центар Борис Трајковски, изградени 2013 година од страна на Владата, впишани во Катастар со имотен лист“, рече Јакимовски.

Затоа, рече тој, она што го тврди Владата дека тениските терени се времени објекти, е тотална  лага. Тој наведе неколку примери каде „што се случува истата ситуација, а за кои, истите сопственици не одговараат по никаков зако“.

„Сансет тениските терени во Аеродром се приватна сопственост на земјиште кое што е дадено со право на користење. Потполно иста ситуација како оваа, тие истите во 1999 година биле впишани и дадено е одобрени за градба. Понатака, хотел Русија, тениски терени изградени до хотелот во 2015 година кои се впишани исто така во Катастар. Следно, во Градскиот парк тениските терени на клубот Југ, тоа е од 1995 година. Сите терени на Југ се впишани во Катастар како имот на тенискиот клуб, како и тениски терени во склоп на основно училиште во Кисела Вода, изградени 1995 година, а сопственик е Општина Кисела Вода. Па да ги прашам професионалците од Министервтото за внатрешни работи, како тоа сите овие тениски терени, односно спортски терени во сите други општини, се впишани во Катастар како имот само во Карпош не смеело да се впишува, и како тоа  сите имаат право на упис во Катастар, само господата од Александар Палас немаат право на сопсвеност? Во геодетските подлоги кои што се издадени во 1999 година јасно се гледаат тениските терени. Ова Катастарот го снимил и го впишал, сѐ што видел на лице место и тоа е секаде. А потоа се прави излагање и на тоа излагање вие ја носите основата по која тоа го владеете. Е сега, Александар Палас кога било излагањето не го доставиле документот кој што го поседувале, а тоа е одобрението за градба, за да тоа им се впише како сопственост, туку тој рок тие го пропуштиле. Ова е сопсвеност на Александар Палас но со незапишани права и тие незапишани права ги оставруваат преку Законот за легализација донесен во 2011 и дополна во 2016 година и Општина Карпош и службениците на Општината постапиле согласно законските прописи и нема никаков пропуст“, тврди Јакимовски.

За ова, смета Јакимовски власта не морала да прави „таква помпезност“ туку дека заедно можеле да се разберат.

„Очигледно тие сакаат да си прават маркетинг и сакам да им порачам дека ако сакаат да си правите маркетинг и да си прават политичко влијание да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР каде што ги плаќаме со народни пари. Наместо да гоните организиран криминал и корупција, вие се бавите со маркетинг и пропраганда, за која што треба да се срамите. Сакам да нагласам дека ние со нашите колеги ќе поднесеме кривична пријава за лажно пријавување затоа што овој предмет е чист како солза и не треба за ова да бидеш посебен професионалец туку од сателит се гледа дека е политички монтиран процес во кој што колегите кои го работеле овој предмет, како колатерална штета ќе настрадаат затоа што градоначалник им е Стевче Јакимовски“, дециден е градоначалникот на Општина Карпош, Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ