сабота, 27 јули 2024

Јакимовски: Или прием во ЕУ до 2030 или Македонија ќе бара сопствен пат за својот развој

Како претседател на Република Македонија надворешната политика ќе ја водам во три главни правци, јакнење на македонските позиции во НАТО-структурите, реформи на патот кон Европската унија но со јасно ставање до знаење на ЕУ дека Македонија е подготвена да чека на прием до 2030 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако до тогаш не бидеме примени, ние не сме подготвени повеќе да седиме пред вратите на Европската унија, таму застануваме, а не се откажуваме од европскиот пат но тогаш ќе бараме сопствен пат за развој на Република Македонија, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места, затоа што ваквата нивна политика со сѐ нови и нови барања, со долгогодишни притисоци врз јавноста, врз нас Македонците, практично ни ги исели нашите деца и ние останавме во празна држава“, рече Јакимовски.

Третиот столб по кој ќе ја води надворешната политика, најави Јакимовски, е јакнење на економската дипломатија.

„На таков начин ќе се подигне економијата, ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми бруто-општествениот производ, но во исто време и да се подготви државата за обновата во Украина“, изјави Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ