среда, 16 октомври 2024
Истрага на ОЈО Скопје

Ја претепал вонбрачната партнерка во близина на домот, се бара притвор

Триесет и двегодишен скопјанец завчера ја претепал својата вонбрачна партнерка во близина на домот. Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе спроведе истражна постапка против него за кривично дело тешка телесна повреда од член 131.

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот од Обвинителството се вели дека меѓу двајцата на 14 октомври настанала вербална расправија во такси возило додека се враќале кон својот дом. Кога биле во близина на домот, осомничениот ја фатил жената за коса, ја извадил од автомобилот и ја удрил со глава во челото, а од ударот ѝ ја пукнал левата аркада.

Потоа, додаваат од Обвинителството, продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди како контузија, фрактури и крвни подливи.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ