петок, 18 октомври 2024

Ја победи и најдобрата во светот, но не влезе во финалето поради 150 грама

Репрезентативката на Индија во борење, Винеш Фогат беше дисквалификувана на неколку часа пред финалето на Олимписките игри затоа што била потешка за 150 грама.

Објавено на

часот

Сподели

Фогат стигна до финалната борба за злато во категоријата до 50 килограми, но не го помина мерењето пред борбата и наместо медал, таа е дисквалификувана и тоа за само 150 грама повеќе.

Сара Хилдебранд без борба стана олимписка шампионка.

На патот до финалето Индијката направи вистинска сензација откако ја совлада Јапонката Јуи Сусаки која е убедливо најдоминантната борачка во оваа категорија, сопственичка на златото од Токио каде не загуби ниту еден бод.

Фогат во вторникот видела дека има два килограми повеќе и во текот на ноќта се обидувала да ги симне. Цела ноќ џогирала, возела статички велосипед, но не успеала да дојде до бараната тежина за само 150 грама.

Како последица на напорното обидување да ја симне килажата, се онесвестила поради дехидрација и била пренесена во болница во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ