сабота, 27 јули 2024

Извори во Вашингтон: Одговорот на Израел на иранскиот напад се очекува да биде со „ограничени размери“

Се очекува одговорот на Израел на нападот на Иран од пред два дена да биде со ограничени размери, рекле извори од Вашингтон за Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американските власти се обидуваат да ја минимизираат можноста за поширока регионална војна на Блискиот Исток.

Израел најави дека ќе возврати на масовниот ракетен напад од Иран, како одговор на нападот врз неговиот конзулат во Сирија. Иран ги поддржува сите организации и движења што се борат против Израел, од Хамас и Хезболах до бунтовниците Хути. Таа поддршка дополнително се засили по бруталната војна што Израел ја води против Палестинците во Појасот Газа.

Во Газа во израелските напади во последните 24 часа загинаа најмалку 46 Палестинци, соопшти денеска Министерството за здравство на таа палестинска област под управа на палестинското милитантно движење Хамас.

Со ова вкупниот број на жртвите кај Палестинците од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас е 33.843.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ