сабота, 27 јули 2024

Извори на Ројтерс: ЕУ подготвува рекордна казна за Фејсбук поради трансфер на податоци

Објавено на

часот

Сподели

Казната ќе биде повисока од претходниот рекорд, паричната казна од 746 милиони евра наметната од ЕУ на Амазон, велат изворите.

Мета одби да коментира. Ирската Комисија за заштита на податоци (ДПЦ) и Европската комисија не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за информацијата.

Европските регулатори предводени од ирската комесарка за заштита на податоци Хелен Диксон ја финализираат забраната на правната алатка што ја користи Фејсбук за пренос на податоците на европските корисници во САД, поттикнати од стравувањата дека американските разузнавачки служби би можеле да добијат пристап до податоците.

Во април тие предупредија дека ирскиот регулатор за заштита на податоците има рок од еден месец да издаде наредба со кој ќе се блокира преносот на податоци на Фејсбук преку Атлантикот. Забраната би можела да стапи на сила во наредните денови.

Во 2020 година, највисокиот европски суд го поништи договорот САД-ЕУ за пренос на податоци, повикувајќи се на страв од надзор.

Мета минатата година предупреди дека поради забраната за механизмот што го користат за пренос на податоци од Европа во САД, би можеле да бидат принудени да ги прекинат услугите на Фејсбук на Стариот континент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ