недела, 19 јануари 2025

Изводи добија лица кои не беа заведени во матичната книга на родените

На настан организиран од Министерството за правда денеска на лица кои досега не беа заведени во матичната книга на родените им беа доделени изводи. И самиот премиер Димитар Коваевски на дел од овие лица лично им ги врачи тукушто отпечатените изводи кои ќе им овозможат вклучување во општествениот живот и е можност за добивање на здравствена заштита и конкурирање за вработување.

Објавено на

часот

Сподели

Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на околу 526 човечки судбини, за кои досега е извршен упис во матичната книга на родените на 409 лица, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Според премерот, овие проблеми се веќе минато.

„Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца. Едноставно, ги немаше во системот на државата. Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на многу наши граѓани“, рече премиерот.

Свои обраќања имаа и министерот за правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ