петок, 18 октомври 2024

Извлечени се двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија

Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија, дербито е во Скопје меѓу Работнички и Шкупи.
 

Објавено на

часот

Сподели

Работнички откако ја елиминираше Шкендија, денеска за следен противник од Купот на Македонија го доби Шкупи.

Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Силекс, Брера е гостин на Тиквеш, а Брегалница ќе ја пречека Воска.

1/4 Куп на Македонија

Брегалница – Воска

Тиквеш – Брера

Работнички – Шкупи

Силекс – Македонија ЃП

Натпреварите се играат на 8. ноември од 13 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ