сабота, 19 октомври 2024

Извлечена ждрепката во Лигата на шампиони: Македонците добија силни противници

Попладнево беше извршена ждрепката во Лигата на шампионите, која од оваа сезона се игра во нов формат, Македонците добија силни противници.

Објавено на

часот

Сподели

Европсата куќа на фудбалот, на гала вечера во Монако ги одреди паравите за Лигата на шампиони.

Со помош на суперкомпјутер, секој клуб доби осум ривали против кои ќе игра во лигашкиот дел.

Македонија оваа сезона ќе има четири преставници во најелитното европско натпреварување, а ждрепката им донесе атративни и силни противници.

Лајпциг на нашиот Елиф Елмас ќе има домашни средби против Ливерпул, Јувентус, Спортинг и Астон Вила, и гостувања кај Интер, Атлетико Мадрид, Селтик и Штурм.

Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе ги пречека Борусија Дортмунд, Милан, Селтик и Монако, а ќе гостува кај Баерн Минхен, Арсенал, Салцбург и Слован Братислава.

Бојан Миовски и Жирона во својот деби настап ќе го пречекаат Ливерпул, Арсенал, Феенорд и Слован Братислава, а ќе гостуваат кај ПСЖ, Милан, ПСВ и Рапид.

Во соседството ќе има една мега пресметка откако Црвена ја доби Барселона како еден од противниците кои ќе ги пречека во Белград, другите се Бенфика, ПСВ и Штутгарт. Шампионот на Србија ќе гостува кај Интер, Милан, Јанг Бојс и Монако.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ