„Низ Србија е евидентно дека масовното граѓанско движење не само што не ослабува, туку сè повеќе наидува на поддршка на локалното население каде и да се организира“, кажа тој.
Додаде дека само граѓаните на Србија можат да одлучат каква ќе биде власта, но дека Европската Унија го задржува правото да оцени дали таквата власт ги задржува стандардите во пристапниот процес.
„ЕУ се наоѓа под притисок не само од (рускиот претседател) Владимир Путин и неговата војна во Украина, но за првпат се соочува и со најнепријателски ориентирана американска администрација, која во овој момент се труди поприлично да ја делегитимира ЕУ“, оцени тој.
Кажа и дека во моментов нема политички капацитет во ЕУ за посериозно да се ангажира на Западен Балкан.