сабота, 27 јули 2024

Известувачката на ЕУ за Косово: За Србија е подготвен пакет мерки како одговор на терористичкиот напад во Бањска

Известувачката за Европскиот парламент за Косово и пратеничка на Зелените Виола фон Крамон изјави дека за Србија е подготвен пакет мерки како одговор на „терористичкиот напад“ на 24 септември во Бањска на северот на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Не би ги нарекла санкции, бидејќи мора да ги одобри Советот, но зборуваме за политички и финансиски мерки, кои нормално ќе ѝ нанесат штета на владата на Србија“, кажа Фон Крамон за Јуроњуз на албански јазик.

Таа порача дека претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да соработува и да обезбеди соодветна истрага за настаните од 24 септември.

„Вучиќ контролира многу нешта кои што се случуваат во Србија. Тешко е да се помисли дека не бил свесен што се случува околу набавката на вооружувањето, ниту организацијата на агресорската група. Меѓутоа, не мислам дека Србија е заинтересирана за поголем воен напад, или војна“, кажа таа.

Фон Крамон наведе дека за нерешените прашања во дијалогот на Косово и Србија се разговара за нов предлог, но не наведе детали.

„Она што го сфатив е дека многу дипломати составуваат уште еден предлог за тоа како ќе продолжиме. Не можам да дадам повеќе детали во овој момент“, кажа Фон Крамон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ