„Заснован е на докази. Стратегијата е јасно присутна, соработката со началникот на Генералштабот и со Генералштабот е извонредна. Се разбира има место за измени, има место за реформи, меѓутоа сето она што чув денеска ми дава за право отворено да изразам неспорна доверба во началникот, во генералштабот, во офицерите и војниците. Мислам дека ова што го говорам ќе го чуете и од сите оние во чии мисии учествувала нашата армија, надвор, дома, како почитуван и кредибилен фактор, па дури она што би сакала да го истакнам е дека денеска видов или чув информации за извонредна регионална соработка како доказ за улогата на воена дипломатија што е денеска многу важна“, изјави Сиљановска Давкова.
Таа посочи дека припадниците на Армијата ја имаат нејзината доверба и какошто рече „ја докажаа нивната одговорност и можеме мирно да спиеме“.
Претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова додаде дека Армијата има и извонреден регионално пристап.
„Јас верувам во ова водство. Мислам дека и сите граѓани го чувствуваат ова и дека ќе продолжи довербата во македонската армија“, рече Силјановска-Давкова.