недела, 5 јануари 2025

Извештај на ИФЈ: Годинава во светот се убиени 104 новинари, Газа најопасна зона

Годинава во светот се убиени 104 новинари, а повеќе од половина од нив загинале во Газа, според податоците објавени денеска од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По 129 смртни случаи регистрирани во 2023 година, „2024 е една од најлошите години“, рече генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланж.

Според ИФЈ, од почетокот на оваа година биле убиени 55 палестински медиумски работници.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, бројот на убиени палестински новинари изнесува најмалку 138, што ја прави територијата „една од најопасните во историјата на модерното новинарство, по Ирак, Филипини и Мексико“, според ИФЈ со седиште во Брисел.

По Блискиот Исток, втора најопасна зона за новинарите е азиско-пацифичкиот регион, со 20 смртни случаи, вклучувајќи шест атентати во Пакистан, пет во Бангладеш и три во Индија.

Во Европа, Украина е сè уште опасна земја за новинарите, каде во 2024 година загинаа четворица од нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ