среда, 30 октомври 2024

Извештај: Екипаж на израелски тенк веројатно убил новинар на Ројтерс во октомври

Екипажот на израелски тенк го убил во октомври во Либан репортерот на Ројтерс испукувајќи две гранати на јасно обележана група новинари и „веројатно“ пукале во нив и од митралез во нападот кој трае минута и 45 секунди, се наведува во извештајот за тој инцидент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот на Холандската организација за применети научни истражувања (ТНО), која Ројтерс ја контактирал за да ги анализира доказите за нападот кој се случи на 13 октомври, во кој беше убиен новинарот Исам Абдала, открива дека тенкот кој се наоѓал во Израел на оддалеченост од 1,34 километри на новинарите испукал две гранати со калибар 12 милиметри.

Првата граната го убила 37-годишниот Абдала и тешко ја повредила фотографката на Франс прес, 28-годипната Кристина Аси. Истрага на Ројтерс во декември ги опфати прелиминарните заклучоци на ТНО дека тенкот во Израел отворил оган врз новинарите.

Во конечниот извештај, Институтот открил дека аудио снимката од видео-камерата на Ал џезира на местото на настанот покажала дека новинарите биле нападнати и со муниција со калибар 0,50 каква што користат митралезите „браунинг“ кои ги имаат израелските тенкови „меркава“.

„Се смета за веројатно сценарио дека тенкот „меркава“, откако испукал две гранати исто така користел митралез во нападот на локацијата на која се наоѓале новинарите“, се наведува во извештајот.

„Тоа не може со сигурност да се заклучи имајќи предвид дека насоката и точната оддалеченост на истрелите од митралезот не можат да бидат утврдени“.

„Израелката војска кажа дека работи на одговорот на прашањата на Ројтерс за тој инцидент.

Меѓународното хуманитарно право забранува напади на новинари кои не смеат да се сметаат за воени цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ