сабота, 27 јули 2024

Изршена нова трансплантација на органи, пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Вчера во скопската Клиника направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи, соопшти Министерството за здравство. Еден пациент доби срце, друг пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Објавено на

часот

Сподели

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, објави денеска министерот за здравство Илир Демири.
Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ