сабота, 4 јануари 2025

Изрази на сочувство од македонското МНРНТ по масакрот во Цетиње, Црна Гора

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, се наведува во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х.

Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост по убиството на најмалку 12 лица во Цетиње на првиот ден од 2025 година.

Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица, Ацо Мартиновиќ се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница.

Здравствената состојба на тројца ранети во пукањето во Цетиње е стабилна, но нивните животи сè  уште се во животна опасност, додека четвртиот е во критична состојба, соопштија утрово лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица (КЦЦГ), каде што на повредените им е укажана помош.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ