сабота, 27 јули 2024

Израелско беспилотно летало уби двајца членови на Хезболах среде Сирија

Двајца членови на либанското исламистичко движење Хезболах беа убиени во напад на израелско беспилотно летало во централниот дел на Сирија, соопшти сириската невладина Опсерваторија за човекови права од Лондон.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Израелско беспилотно летало истрела два проектили врз автомобил и камион на Хезболах во близина на градот Ал-Кусаир во провинцијата Хомс, додека тие се движеа кон воениот аеродром во Ал-Даба, најмалку двајца борци на Хезболах беа убиени, неколку беа ранети“, соопшти Опсерваторијата, која има голема мрежа на извори во Сирија.

Израел изведе стотици воздушни напади врз цели во делови на Сирија кои во последните години се под контрола на владата.

Од почетокот на израелската војна против палестинскиот Хамас во Појасот Газа, имаше повеќе вакви напади во последните месеци. Оттогаш се интензивираа конфликтите меѓу израелската армија и либанското движење Хезболах на границата меѓу Израел и Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ