среда, 23 октомври 2024

Израелските воздушни напади на јеменското пристаниште Ходејда во јули може да претставуваат воено злосторство

Израелските воздушни напади на пристаништето Ходејда во Јемен на 20 јули биле неселективни и несразмерни напади на цивили кои може да претставуваат воено злосторство, во кои биле убиени најмалку шест лица, а ранети најмалку 80, соопшти денес американската организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ХРВ истакнува дека воено злосторство може да претставува и нападот со дрон на јеменските бунтовници Хути на Тел Авив, каде загина едно лице, а кој се случи еден ден пред израелските напади на Ходејда, односно на 19 јули, пренесува Ројтерс.

Израел соопшти на 20 јули дека негови воени авиони нападнале воени мети на Хутите во близина на Ходејда, а ХРВ наведува дека тогаш се гаѓани нафтени објекти и електроцентрала, при што се погодени повеќе од 20 резервоари за складирање нафта, како и два бродски крана во пристаништето и централа во округот Салиф во провинцијата Ходејда.

„Изгледа дека нападите им нанеле несразмерна штета на цивилите и цивилните објекти. Тешките кршења на законот на војувањето извршени намерно или непромислено, претставуваат воено злосторство“, истакнува ХРВ.

Организацијата предупредува дека врз основа на сателитски снимки се гледа дека резервоарите за нафта гореле најмалку три дена, што предизвикува загриженост дека дошло и до загадување на животната средина.

Ходејда е под контрола на Хутите од 2021 година и претставува клучно пристаниште за испорака на храна и други производи за населението на Јемен кое зависи од увозот. Околку 70 отсто од јеменскиот комерцијален увоз и 80 отсто од хуманитарната помош минуваат низ тоа пристаниште.

Хутите во ноември почнаа да лансираат ракети и дронови во Црвено море, Аденскиот залив и Израел, што доведе до нарушување на глобалната поморска трговија. јеменските бунтовници порачуваат дека ги спроведуваат тие напади во солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ