сабота, 27 јули 2024

Израелските војници добија порака од министерот: „Наскоро ќе ја видите Газа одвнатре“

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ѝм рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат Газа „одвнатре“, соопшти неговиот кабинет, што се чини како сугестија дека се приближува копнената офанзива. „Сега ја гледате Газа од далечина, наскоро ќе ја видите одвнатре. Наредбата ќе дојде“, рече Галант.

Објавено на

часот

Сподели

Израел нареди повеќе од еден милион Палестинци да се евакуираат на југ пред очекуваниот копнен напад. Израелската армија во текот на викендот објави дека е подготвена за „значајна“ операција по копно, море и воздух, но не прецизираше кога ќе биде започната офанзивата.

Десетици илјади војници се собраа долж границата откако милитантите на Хамас извршија смртоносен напад на 7 октомври. Израелците возвратија со контранапад, односно жестоки воздушни напади врз Појасот Газа. Њујорк тајмс пред неколку дена објави дека Израелците планирале да извршат копнен напад изминатиот викенд, но доцнеле поради лошите временски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ