сабота, 27 јули 2024

Израелските тенкови стигнаа до центарот на Рафа, милион луѓе избегаа од градот (ВИДЕО)

Неколку израелски тенка денеска стигнаа до центарот на Рафа, рекоа очевидци, три недели по почетокот на копнената операција во градот во јужниот дел на Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тенковите се забележани во близина на џамијата Ал-Авда, централната знаменитост на Рафа, објави Ројтерс.

Израелската војска не ги коментираше веднаш информациите, велејќи дека подоцна ќе биде објавено соопштение за операцијата во Рафа.

Во меѓувреме, војниците продолжија да го напаѓаат градот од воздух и со тенковски оган, продолжувајќи ја својата офанзива и покрај меѓународната осуда за нападот во неделата.

Нападот, чија цел беа двајца претставници на Хамас, предизвика голем пожар во камп со шатори каде што беа засолнети раселените луѓе, при што беа убиени 45 Палестинци, според локалното Министерство за здравство.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска објави дека околу еден милион луѓе избегале од Рафа во последните три недели.

Како што се наведува, тоа се случило иако „никаде не е безбедно и секаде се бомбардира, има недостиг од храна и вода, купишта отпад и несоодветни услови за живот“, додека помошта и заштитата сега стануваат речиси „невозможни“.

Од почетокот на мај израелската војска спроведува, како што тврди, ограничена операција во Рафа за убивање борци и уништување на инфраструктурата што ја користи Хамас.

Таа им порача на цивилите да одат во „проширената хуманитарна зона“, оддалечена околу 20 километри.

На платформата Икс е објавена снимка на телевизијата Ал џезира на која се гледаат тенкови како напредуваат западно од Рафа, јавуваат израелските медиуми.

Околу еден милион луѓе избегаа од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа во последните три недели, соопшти агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

Во малиот град на јужниот раб на Појасот Газа засолниште од израелските напади најдоа повеќе од милион Палестинци што избегаа од другите делови на крајбрежната енклава.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ