среда, 23 октомври 2024
Град на окупираниот Западен Брег

Израелските сили се повлекоа од Џенин по 10-дневни рации

Израелските сили се повлекоа од окупираниот град Џенин на Западниот Брег, јавува палестинската новинска агенција Вафа, по десетдневна рација во која, според палестинското Министерство за здравство, загинале 21 лице.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сведок за Ројтерс рекол дека израелските сили оставиле значителна штета на инфраструктурата.

Во соопштението на Фејсбук, палестинското Министерство за надворешни работи го обвини Израел дека носи брутално уништување од Појасот Газа на окупираниот Западен Брег, особено во градовите Џенин и Тулкарем и тамошните бегалски кампови.

Израелските рации во други делови на Западниот Брег продолжија, објави Ал џезира, вклучително и во селото Хусан, западно од Витлеем, каде што 20-годишна девојка беше повредена од шрапнели од израелските истрели додека се обидела да затвори прозорец.

Израелските сили извршија рација и во селото Беит Тамар, источно од Витлеем, и во бегалскиот камп Балата, источно од Наблус, каде што 30-годишен Палестинец беше повреден од шрапнели, пишува Гардијан.

Израелските доселеници, поддржани од војниците, ги нападнаа палестинските села Хадер Кајед Бани Оде и Хадер Шахада Бани Оде во северната долина на реката Јордан, објави катарската телевизија.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 39 Палестинци биле убиени, а 140 повредени низ окупираниот Западен Брег за време на 10-дневната операција на Израел. Ова е најголема операција во областа од 2002 година. Повеќето од загинатите биле вооружени борци, но убиени се и цивили што не биле вклучени во конфликтот, меѓу кои и шеснаесетгодишно девојче. Загина и еден израелски војник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ