вторник, 10 декември 2024

Израелските сили извршија воздушен напад во близина на Дамаск

Израелските сили синоќа ја нападнаа околината на Дамаск, главниот град на Сирија, јави агенцијата Сана, наведувајќи дека од ударите е причинета материјална штета.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 01:05 часот по локално време, израелскиот непријател изврши воздушен напад, гаѓајќи голем број цели во близина на Дамаск. Нашите системи за противвоздушна одбрана пресретнаа неколку ракети“, објави агенцијата повикувајќи се на воени извори.

Невладината Сириска опсерваторија за човекови права (ОСХР) извести за израелски напади врз „станбен комплекс“ западно од Дамаск.

Израелската војска изврши стотици воздушни напади во Сирија од почетокот на граѓанската војна во соседната земја во 2011 година. Овие напади се интензивираа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа во октомври минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ