недела, 15 декември 2024

Израелските напади во октомври „драстично ја намалија“ способноста на Иран да произведува ракети

Нападите на израелската војска врз Иран во октомври драстично ја намалија способноста на Иран да произведува балистички ракети, изјави неименуван израелски воен извор за Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече, пред тие напади Техеран можел да произведува гориво за две нови балистички ракети дневно, а сега веројатно тоа е ограничено на една неделно. Истиот извор оцени дека тоа ќе продолжи во текот на целата година.

Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант за американскиот весник изјави дека целта на нападот на 26 октомври било да се осигура дека Иран ќе биде послаб, а Израел посилен и дека Техеран нема да може да одговори на идните напади.

Израелските медиуми јавуваат дека цел на тие напади биле и иранската противвоздушна одбрана и наводно активен објект за развој на нуклеарно оружје.

„Нема стратешка одбрана околу Техеран“, рече Галант, додавајќи дека нападите биле како одмазда за иранскиот баражен напад со балистички ракети на 1 октомври врз Израел и создале можност да се дејствува против Иран пред да произведе нуклеарно оружје.

Галант, исто така, потврди дека Израел стои зад нападот во април врз радарски систем за противвоздушна батерија во иранскиот град Исфахан. Нападот беше одговор на нападот со беспилотни летала и ракети врз Израел на 13 април, првиот директен напад на Иран врз Израел.

„Ние гаѓаме прецизно, но тоа не беше доволно да ги спречиме“, изјави Галант.

Иран и покрај заканите искажани од лидерите, не одговори на израелскиот напад во октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ