сабота, 27 јули 2024

Израелскиот Врховен суд го укина спорниот закон за реформа на правосудството на Нетанјаху

Израелскиот Врховен суд го укина контроверзниот закон на десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој на тој суд му се одземени некои овластувања. Усвојувањето на законот предизвика масовни протести низ Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Законот беше дел од пошироката правосудна реформа која ја предложија Нетанјаху и неговата коалицијата на верски и националистички партнери, и која предизвика големи поделби во Израел и загриженост околу зачувувањето на демократските принципи во земјата.

Денешната одлука на судот повторно е на насловните страници во Израел, каде во медиумите доминираат вестите за војната против Хамас во Појасот Газа.

Законот, за кој се расправаше, предвидуваше отстранување на едно но не и сите овластувања кои Врховниот суд ги имаше на располагање да ги укине одлуките на владата и министрите.

Според спорниот закон, Врховниот суд не можеше да ги укинува одлуките кои ги смета за „неразумни“.

За поништување на спорниот закон се изјаснија осум од 15 судии на Врховниот суд. Партијата на Нетанјаху Ликуд соопшти дека одлуката на судот е за жалење и спротивна на „волјата на народот за единство, особено во време на војна“.

Опозицијата ја поздрави пресудата. Врховниот суд во објаснувањето наведе дека повеќето судии предложиле законот да се укине затоа што би ѝ нанел сериозна штета на израелската демократија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ